fbpx
Македонија Страница 1519

Македонија

Амбасадорите на ЕУ и на Холандија порачаа: Целосно да се повлече аболицијата

Амбасадорите на ЕУ и Холандија, Аиво Орав и Ваутер Пломп на денешната трибина организирана од „Транспаренси интернешнл Македонија“ порачаа дека аболицијата мора да се повлече целосно, само така нема да има селективна правда. Амбасадорите велат дека сите засегнати страни мора да ја поддржат работата на...

Полицијата подготвува пријава против возачот на „пикапот“ на „Шарената револуција“

Министерството за внатрешни работи попладнево излезе со официјални информации во врска со синоќешното апсење на возачот на „пикапот“ на „Шарената револуција“, кој до доцна во ноќта беше на распит во полициската станица „Пролет“. Според полицијата, 47-годишниот Н.П. бил уапсен околу 20.15 часот на крстосницата од...

СДСМ на Управен суд ја оспори одлуката за формирање на комисијата за импичмент на Иванов

СДСМ денеска поднесе тужба до Управниот суд со која ја оспори одлуката за формирање на Kомисија за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов. Како што велат од партијата при формирањето на Комисијата за одговорност на Иванов, тие побарале од претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски да...

Трибина: Политичкото влијание во ДИК причина за непрочистениот избирачки список

Преголемата моќ и големата улога на политичките партии во Државната изборна комисија е главниот проблем што избирачкиот список во Македонија се уште не е прочистен. Ова е ставот на дел од учесниците на денешната трибина, „Каков Избирачки список и попис и се потребни на...

Врховен суд: Немаме никаква надлежност во организацијата на судењето за „Диво Насеље“

Врховниот суд попладнево преку соопштениe информира дека, во врска со денешното одложување на рочиштето на судскиот процес за „Диво Насеље“, тие немаат никаква надлежност за организацијата. „Заради вистинито и воедначено информирање на јавноста Ве известуваме дека Врховниот суд на Република Македонија и судската полиција на Врховниот...

Подметнат пожар во кабелски оператор во Виница

Ноќеска изгоре целата опрема на кабелскиот оператор „ВИН САТ“, од Виница. Пожарот без интернет и телефон ги остави општината Виница, банките, училиштата и други институции, чиј провајдер е оваа компанија. Во лимената барака, која се наоѓа во индустрискиот дел на Виница, пронајдено е пластично шише...

Уставниот суд ја одложи расправата за крстот во Бутел

Уставниот суд ја одложи расправата по иницијативата околу уставноста и законитоста на одлуката за поставување на 55-метарскиот крст во Општина Бутел и оваа точка ќе се најде на дневен ред на некоја од наредните седници на судот. Како што дознаваме од Уставниот суд, судијата известител...

Повторно одложено рочиштето на членовите на Левица

Денешното судење на двајцата членови на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски обвинети за демолирање на канцеларијата на Иванов повторно е одложено. Следното рочиште е закажано на 10 јуни. Одбраната се уште не го добила вештачењето поради тоа што не може да ја подготват листата...

Кундерс на средба со Попоски: Селективната аболиција е против принципите на владеење на правото

Министерот за надворешни работи Никола Попоски се сретна со Берт Кундерс неговиот холандски колега за време на неговата посета во Холандија. Тема на разговорите меѓу двајцата министри биле предизвиците со кои се соочува Македонија. Попоски рекол дека Холандија како и повеќе земји членки, следниот чекор кон...

Кривичен суд: Врховниот суд не ја испочитува одлуката за користење на големата сала

Кривичниот суд денеска, по одложувањето на рочиштетот за случајот „Диво Насеље“, соопшти дека Врховниот суд не ја испочитувал одлуката на Владата и планот за користење на големата сала во овој суд за протребите на овој судски процес. Од Кривичниот суд велат дека, по одлуката на...

Работници го чистат ОЈО од боите на „Шарената револуција“

Неколку работници денеска, качени на скала го чистеа објектот на Основното јавно обвинителство кое вчера вечер во герила акција беше офарбано од припадниците на „Шарената револуција“. Синоќа, додека демонстрантите беа пред полициската станица „Пролет“, за поддршка на приведениот возач на пикапот на „Шарената револуција“, неколкумина...

Захир Беќири Чауш доби две и пол години затвор за фалсификување документи

Захир Беќири, познат во јавноста како Чауш, за кривичните дела фалсификување на документи доби казна затвор од две и пол години, додека неговиот брат Имер Беќири доби казна од една година затвор, пресуди денеска Основниот суд Скопје 1. За кривичните дела изработка и набавка на оружје и...

Левица: Апелациониот суд да го укине куќниот притвор за Савески и Куновски

Партијата Левица денеска побара од Апелациониот суд да ја прифати нивната жалба и да ја укине мерката куќен притвор за членовите на партијата, Здравко Савески и Владимир Куновски. - Савески и Куновски се држат во куќен притвор веќе 36 дена. Ние се сомневаме дека тие...

Одложено „Диво Насеље“, на новинарите и адвокатите не им беше дозволен влез во салата

Судскиот процес „Диво Насеље“ за настаните од 9 и 10 мај минатата година денеска повторно се одложи откако судската полиција на Врховниот суд не им дозволи на новинарите и адвокатите да влезат во зградата на судот каде требаше да се одржи рочиштето. Од Врховниот суд...

ПОПГМ: Сојузот на здруженијата на пензионери да даде отчет за парите од членарина

Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), со осуда реагира на постапките на раководството на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија (СЗПМ) и на пишувањето на весникот „Пензионер плус“. Од партијата бараат да не им се оспорува правото на тие што ја...

Иванов денеска и утре на Самит на шефови на држави и влади на ЈЕ

Претседателот Ѓорге Иванов денеска и утре ќе престојува во работна посета во Бугарија, по повод учеството на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Предвидено е Иванов денеска да оствари средба со претседателот на Бугарија,...

Времето денеска топло со температура до 32 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 25 до 32 Целзиусови степени. Во Скопје, времето ќе биде слично, со утринска температура до 14 и со...

Ослободен возачот на „пикапот“ на „Шарената револуција“

Пуштен е на слобода возачот на „пикапот“ на „Шарената револуција“ кој што беше приведен синоќа. Тој бил приведен поради кривично дело „оштетување на туѓи предмети“, а при претресот во комбето во полициската станица „Пролет“ биле пронајдени пакети со неотпакувана боја, водени детски пушки, и валјаци. Сето тоа било...

Денеска треба да продолжи судењето за настаните во Диво Насеље

Денеска во 10 часот, во големата сала на Врховниот суд треба да се одржи ново рочиште за случајот „Диво Насеље“ во кој се обвинети 29 лица за настаните во Куманово од 9 и 10 мај, минатата година. Судскиот процес, требаше да продолжи во петокот, минатата...

Граѓаните ја блокираа улицата пред полициската станица „Пролет“

Откако по завршувањето на денешниот протест, полицијата во близина на Градска болница во Скопје го приведе возачот  на „пикапот“ на „Шарената револуција“, пред полициската станица „Пролет“, се собраа повеќе граѓани кои ја блокираа улицата. Приведениот се уште е во станицата, а од полицијата и покрај инсистирањето...