Реакции на „Твитер“ и на „Фејсбук“ за настапот на Иванов во Сараево

-

Вчерашниот настап на претседателот, Ѓорге Иванов на панелот на процесот „Брдо-Бриони“, во Сараево во кој тој рече дека „ако Исус Христос и Мухамед се јават во Македонија, ќе бидат убиени“ предизвика низа реакции на социјалните мрежи.

„Фејсбук“ за кратко време се наполни со статуси:

„Маја, не си човек ако не го дочекаш дома со две кришки леб намачкани со ајвар!
Ќе се израдува гревчето, верувај!“

„Па како да успеат Исус или Мухамед, тамам да тргнат овој ќе ги аболицира“.

„Буда, не доаѓај во Македонија, од извори блиски до Хорхе дознавам дека ти се спрема убиство со цедење на маста од стомак“.

„Дошол Исус да ја спасува Македонија, го убиле! Потоа дошол Мухамед, и него го убиле! На крајот дошле Груевски и Иванов: луѓето се самоубиле“.

Ниту „Твитер“ не беше помирен:

Заради врнежите, водоводот во Тетово со намален притисок, а во Гостивар водата не е за пиење

Центарот за Управување со кризи информира дека во Тетово има намалено количество вода во водоводот, а во Гостивар водата воопшто не е за пиење. Јавното комунално претпријатие „Шар“ од...