Се чисти Собранието од боите на „Шарената револуција“

Неколку работници денеска, качени на дигалки го чистеа Собранието од боите кои зад себе ги остави „Шарената револуција“ и демонстрантите кои месец и половина протестираат против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува политичари и нивни соработници против кои се водат кривични постапки.

Зградата на Законодавниот дом досега неколку пати беше гаѓана со балони со боја од демонстрантите, кои за да дофрлат до објектот користеа импровизиран чатал.