fbpx

НДМ: Иванов не може да распознава што значи интерес на државата

-

При иста реалност во земјата, претседателот не може да распознава што значи интерес на државата и носи две различни одлуки за иста фактичка и правна ситуација, што значи кршење на Уставот, со што, дополнително ја продлабочува тешката политичка криза во која е заглавена земјата – се вели во соопштението на Народното движење за Македонија (НДМ).

НДМ оттука се сомневаат дека „постојат случаи кои влијаат врз душевната состојба и размислувањето на Ивнов да не може да ги сфати дејствијата кои ги презема како татко на нацијата.“

Тие велат дека како партија ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд за поведување на постапка за испитување на постоење на околности поради кои претседателот Иванов не може да го сфати значењето на интересот на државата и граѓаните што може да влијае на неговата спреченост да ја врши функцијата.

– Иницијативата се заснова на член 60 став 1 од Деловникот за работа на Уставниот суд, кој, во смисла на став 2 од истиот член е во обврска да ги испита наводите и фактите во Иницијативата на НДМ врз основа на акти, наоди, експертни и стручни мислења на медицински или други установи или органи, а во врска со член 82 став 2 од Уставот на Република Македонија – велат од НДМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...