Бугарското ВМРО ќе ја напушти владата ако Софија ја поддржи Македонија за членство во ЕУ

-

Бугарскиот вицепремиер за јавен ред и безбедност и министер за одбрана, истовремено и претседател на бугарската политичка партија ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, викендов порача дека тој и неговата партија нема да го поддржат членството на Северна Македонија во ЕУ. Тој побара истиот став да го усвои и владата на Бугарија, а во спротивно неговата партија ќе ја напушти владејачката коалиција.

Каракачанов рече дека основа за таквата одлука е тоа што Северна Македонија не го исполнувала Договорот за добрососедство со Бугарија во делот за „чистење“ на спорните историски прашања, или, како што вели тој „сите фалсификати од историјата на бугарскиот народ во Северна Македонија“.

-Единственото правилно решение е да излеземе со став на владиниот кабинет. Оценуваме дека Северна Македонија не направилна доволно за исполнување на договорот меѓу двете држави и поради тоа не сакаме да ја поддржиме. Не сакам да поставувам услови, но мислам дека ова е основата. Ако не се постигне согласност, моите колеги во парламентот ќе ја напуштат власта – порача Каракачанов.

Каракачанов изјавата ја даде спроти денешната консултитативна средба со Владата, која ја свика претседателот на Бугарија, Румен Радев. Меѓу владините претставници е и Каракачанов.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...