fbpx

Бектеши и „Елем турс“ велат дека жичарата на Шапка со шест седишта ќе биде готова за идната сезона

-

За жичарата со шест седишта, што се очекува да се изгради веќе пет години, министерот за економија Крешник Бектеши вели дека ќе биде готова за идната туристичка сезона. Според него останале неколку технички прашања, пред да се издаде дозволата и жичарата да се пушти во употреба, пишува „Порталб.мк“.

Првиот договор за изградба на жичарата е од 10 март 2014 година, и таа иако требаше да биде готова за 12 месеци, уште не е целосно изградена и не е пуштена во функција. Изминатите пет години имало бројни проблеми при реализација на овој проект.

Министерот Бектеши направи едно пробно возење в средата со оваа жичара и рече дека ќе биде готова за сезоната 2019/2020.

“При увидот на активностите на патниот правец Тетово – Попова Шапка, имав можност заедно со директорот на „Елем турс“ но и со инжинерите на компанијата која го реализира проектот, да ја видиме реализацијата на ски-лифтот. Ски-лифтот е речиси готов, останати се само неколку мали технички прашања и сигурно по завршувањето на техничките прашања „Елем турс“ во соработка со Елем ќе аплицираат во Министерството за транспорт да се оствари техничкиот прием. Во моментот кога ќе се спроведе техничкиот прием, жичарата со шест седишта ќе може да се пушти во функција“, објасни Бектеши.

Од друга страна, компанијата „Елем турс“ вели дека надлежните органи продолжуваат со надзор и откако истите ќе достават извештај, ќе се аплицира за дозвола за употреба.

“Во моментот надлежните органи заедно со компанијата „Leitner“ продолжуваат со надзорот. Потоа треба да се аплицира за дозвола за користење. Контролорот треба да достави извештај, а надлежните органи потоа треба да дадат дозвола за употреба“, велат од „Елем турс“.

Инаку, уште од 2012 се дискутираат истите проблеми со кои се соочува Попова Шапка, меѓутоа до денес ништо не е преземено.  Еден од тие е и проблемот са жичарата со шест седишта.

„Попова Шапка”, некогаш беше познат скијачки центар во регионот и пошироко. Во него се инвестирало во инфраструктура, се одржувале натпревари по скијање со натпреварувачи од целиот свет и била омилена дестинација за многу планинари и скијачи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...