fbpx

Бугарија ќе дозволи влез на македонски државјани со негативен PCR тест

-

Бугарската влада ќе им дозволи на македонските државјани и на граѓаните на уште четири други земји да можат да влезат во оваа земја со негативен PCR тест, не постар од 72 часа, јавуваат бугарските медиуми.

На туристите од Северна Македонија, Молдавија, Србија, Израел и Кувајт ќе им биде дозволен влез во Бугарија со претходно извршено тестирање, објасни заменик-претседателот на Народното собрание на Бугарија, Валери Симеонов.

Тој вели дека на барање на туристичкиот сектор, во земјата ќе им се дозволи да влезат туристи коишто ќе обезбедат PCR тестови, не прецизирајќи кога точно ќе стапи на сила оваа мерка. Симеонов изјавил дека отворањето на границите за туристите од овие пет земји ќе биде многу сериозна помош за бугарските хотелиери, на кои во моментов им биле потребни странски туристи за да ги пополнат нивните капацитети.

Бугарија ги затвори границите за македонските државјани за периодот од 16 до 31 јули, со исклучок на граѓаните на нашата земја кои транзитираат преку Бугарија за да се вратат дома. Тогашната одлука беше донесена како резултат на влошената ситуација со корона вирусот во нашата земја, а оваа рестриктивна мерка покрај за Северна Македонија беше донесена и за граѓаните на Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Турција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...