Панчевски немал време да се подготви за одбрана и не го разбирал обвинението за АКМИС

-

Денеска во велешкиот суд продолжи судењето на поранешниот претседател на Основниот кривичен суд – Скопје, Владимир Панчевски, чие прво рочиште беше во петокот. Тој изјавил дека не можел да ја подготви одбраната затоа што немал доволно време во текот на викендот и повторил дека не го разбира обвинението.

„Доказите ги видов во петокот кога увидот траеше до 17 часот. Преку викендот не се видов со бранителите и затоа не сум во можност да ја подготвам одбраната“, рекол Панчевски пред Судот и повторил, исто како на петочното рочиште, дека не го разбирал обвинението. Неговите адвокати и денеска побараа да му биде укинат притворот, бидејќи имале информации дека тој се уште е вработен во Основниот суд Скопје 1 и се уште има имунитет на судија.

Поради тоа што Панчевски се изјаснил дека не го разбира обвинението, судијката Валентина Ѓоргиевска повторно накратко му го образложила обвинителниот предлог, но Панчевски сепак, не можел да се изјасни дали се чувствува виновен.

Судењето продолжило со сведочење на неколку судии, поранешни колеги на Панчевски, кои денеска писмено се пожалија дека податоци за нивната работа се извлечени од АКМИС системот.

„Судиите Весна Димишкова и Славица Андрeева писмено се пожалија дека податоци за нивната работа се извлечени од АКМИС системот и не соодветствуваат со реалноста“, сведочеше денеска поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Стојанче Рибарев, во процесот против неговиот поранешен колега и претходник на истата функција, Владимир Панчевски.

Според обвинението, Владимир Панчевски од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, како претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје, влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите, наместо по случаен избор, преку системот АКМИС, тој ги распределувал предметите на рака кај судии, со што ја злоупотребил службата и ги пречекорил границите на овластувања.

Панчевски е во притвор во затворот во Шутка од 15 јули, откако сам се пријави во затворот.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...