fbpx

Бројот на жртвите во нападот во Анкара се зголеми на 102

-

Бројот на жртвите на двојниот самоубиствен напад, кој во Анкара се случи за време на минатиот викенд, се зголеми на 102, соопшти турското обвинителство.

Исто така, се додава дека вкупно 13 лица се приведени поради вмешаност во нападот кој се случи пред градската железничка станица.

Владата соопшти дека Исламска држава (ИС) е осомничена за нападот, во коj ранети се повеќе од 500 лица.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, призна дека имало безбедносни пропусти, поради што е сменет шефот на полицијата во Анкара, како и две други официјални лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.