fbpx

Наскоро библиотеката на МАНУ ќе се најде на „Википедија“

-

Богатиот научен и книжевен фонд на библиотеката на МАНУ од сите области, отсега на интернет ќе биде лесно достапен за домашната и за светската јавност на македонски јазик.

Со неодамнешното потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу МАНУ и „Споделено знаење“, застапник на светската фондација „Викимедија“, во библиотеката на МАНУ ќе се воспостави функцијата „матичен википедијанец“.

– Главна задача на матичниот википедијанец во библиотеката на МАНУ ќе биде наоѓање и употреба на материјали од богатиот научен книжен фонд од сите научни области за поквалитетно, веродостојно и референцирано уредување и создавање статии на слободната интернет-енциклопедија „Википедија“ на македонски јазик, а воедно и отсликување, односно скенирање и дигитализирање на книги во согласност со авторските права, кои потоа ќе бидат достапни за слободно користење на широката научна и општествена јавност – објаснува Марио Шаревски, магистер по геополитика и волонтер за организациски работи во секретаријатот и во библиотеката.

Од 2010 година, светската фондација „Викимедија“ го почна проектот за воспоставување ваква соработка со врвните научни и образовни установи во светот, за уредување и за споделување поквалитетни и поверодостојни податоци.

Досега се опфатени повеќе од 110 институции, меѓу кои Британскиот музеј, Националниот архив на САД, националните библиотеки на Велика Британија, Данска, Израел.

По потпишување ваков договор со Државниот архив, МАНУ е втора установа во Македонија во која ќе се воспостави матичен википедијанец.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германската тајна служба: Со Кина не треба да бидеме наивни

Германската домашна разузнавачка служба (BfV) ги предупреди компаниите да бидат претпазливи кога имаат работа со авторитарни странски влади, како што е Кина, пренесе германската новинска агенција ДПА. Германските компании, на...