fbpx

Близок советник на командантот на украинската војска убиен од граната на негов роденден

Смртта на Частијаков првично била пријавена како сомнителен атентат, кој се случил како резултат на добиен подарок

-

Еден од најблиските советници на врховниот командант на украинската армија е убиен откако експлодирала граната на неговиот роденден. Гранатата била спакувана меѓу еден од неговите роденденски подароци и експлодирала во моментот на негово присуство на роденденот, јавува Гардијан.

„Под трагични околности, мојот помошник и близок пријател, Генадиј Частиаков, беше убиен… на неговиот роденден“, објави на Телеграм генералот Валериј Залужни.

Смртта на Частијаков првично била пријавена како сомнителен атентат, кој се случил како резултат на добиен подарок.

Сепак, украинскиот министер за внатрешни работи, Игор Клименко објави соопштение, во кое вели дека Частијаков на својот син му покажувал кутија со гранати што ја добил на подарок.

„На почетокот, синот ја зел муницијата во рацете и почна да го врти прстенот. Потоа, службеникот ја одзел гранатата од детето и го повлекол прстенот, предизвикувајќи трагична експлозија“, рече Клименко.

Полицијата идентификуваше војник кој го дал подарокот на Частијаков, рече Клименко, при што властите заплениле две слични гранати. Во тек е истрага.

Украинската полиција соопшти дека и 13-годишниот син е тешко повреден. „Украинска правда“ ја објави информацијата на сопругата на Частијаков дека гранатата била во торба со подарок што нејзиниот сопруг ја донел дома.

Веста за смртта на мајорот Генадиј Частијаков од бизарната роденденска несреќа со граната доаѓа откако украинската војска беше потресена од убиството на најмалку 19 војници во руски напад за време на церемонијата на доделување медали во петокот во регионот Запорижја.

Има тензии во Украина меѓу воената хиерархија и владата, пишува Гардијан. Володимир Зеленски ја отфрли сугестијата на генералот Валериј Залужни, кому Частијаков му беше советник, дека војната со Русија дошла во ќор-сокак. Зеленски го прекорил Залужни поради неговата оценка.

Истовремено, Володимир Зеленски изјави дека не верува оти дошло вистинското време за одржување на избори во земјата, бидејќи во Укриана периодов се интензивира дебатата за одржување на гласање во 2024 година. Сите избори, вклучително и претседателските избори што треба да се одржат следната пролет, технички се откажани поради воената состојба што е на сила од почетокот на конфликтот минатата година.

„Мораме да одлучиме дека сега е време на одбрана, време на битка, од кое зависи судбината на државата и народот“, рече Зеленски, додавајќи дека верува оти сега не е вистинското време за избори во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...