Битолчанец нападнал полицаец кој го открил додека провалувал во автомобил

-

Полициски службеник при СВР-Битола, пријавил дека додека бил службено ангажиран за откривање на сторители на кривични дела, кражби во автомобили, го забележал  Ј. П. (25- годишен познат сторител на кривични дела) како провалува автомобил „нисан микра“ со грчки регистарски таблички.

Ј.П. насилно ја отворил предната лева врата на возилото, седнал на возачкото седиште и пребарувал низ возилото, по што полицискиот службеник се доближил до осомничениот, се лигитимирал и му наредил да излезе од возилото.

Ј.П. во тој момент извадил нож и почнал да замавнува кон полицискиот службеник со намера да го лиши од живот. Полицаецот ја турнал вратата од колата за да се одбрани, а Ј.П. продолжил да замавнува со ножот, при што го скршил внатрешниот ретровизор.

Полицискиот службеник повикал интервентна екипа на полицијата која дошла, му го одзела ножот на Ј.П. и го привела во СВР Битола. Од страна на Основен суд-Битола на Ј.П му е одредена мерка „притвор“ во траење од осум дена.

Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите, информира Јавното обвинителство. Како што објаснуваат...

Два случаја на мајмунски сипаници, не значи дека во најава е некаква пандемија

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на 22 мај информираше дека во земјава се потврдени првите два случаја на мајмунски сипаници. Двата пациенти суспектни на мајмунски сипаници, од Клиниката за кожни болести,...

„Правфонд“ финансирал руска пропаганда во Европа и на Балканот, открива меѓународно истражување

Сѐ во врска со новинарското истражување почнало кога на данското национално радио „ДР“ му пристапил доверлив извор и му предал 49 илјади мејл пораки и повеќе од 22 илјади документи што...

Препорака за нова бесплатна игра за мобилни телефони – Game of Thrones: Kingsroad

Гејмерите често знаат да си го постават прашањето „Што да играм сега“ доколку им здосадат тековните игри што ги играат со години. Вообичаено тука е последователно и прашањето „Која игра е...

Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите, информира Јавното обвинителство. Како...