Бесплатна психолошка помош по телефон поради стравот од корона вирусот

Универзитетската клиника за психијатрија – Скопје соопшти дека од утре и во наредниот период, во врска со новонастанатата ситуација со корона вирусот ќе организира дополнителна телефонска психолошка поддршка за оние граѓани и ранливи групи на пациенти на кои овој вид помош им е потребна и тоа:

1. Психолошка поддршка на родители на деца на предучилишна и училишна возраст: 072 912 676
2. Психолошка поддршка на возрасни лица во самоизолација: 072 919 009
3. Психолошка поддршка на граѓаните на општина Дебар и општина Центар Жупа, во соработка со Општа Болница Дебар: 070 241 807
4. Пациентите закажани во Мој Термин за психолошко советување и психотерапија во закажаниот термин ќе бидат контактирани од страна на психолог и ќе се спроведуваат телефонски, со можност за видео врска на некоја од интернет мрежите (по договор).
5. Психолошка поддршка на хоспитализирани пациенти поради ковид-19 , во соработка со ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби

Граѓаните можат да се јавуваат на овие телефони од утре (17.03.2020 г.) од 9 до 16 часот.