fbpx

Белгиска министерка поднесе оставка поради безбедноста на аеродромот

-

Министерката за сообраќај на Белгија, Жаклин Галан, денеска поднесе оставка откако во јавноста протече таен извештај на ЕУ во кој се наведуваат безбедносните пропусти на аеродромот, по терористичките напади во Брисел, во кои загинаа 32 лица.

Премиерот Шарл Мишел денеска соопшти дека по разговорите со неа, „министерката му поднела оставка на кралот, а кралот ја прифатил“.

Две опозициски белгиски партии објавија доверлив документ на ЕУ од минатата година. Во него се наведува дека безбедносните мерки на бриселскиот аеродром и начинот како се вршени безбедносните проверки имаат недостатоци.

Во нападите од 22 март на аеродромот и на метро-станицата во белгиската престолнина загинаа 32 лица, а одговорноста за нападите ја преде Исламска држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...