fbpx

Баша повика на граѓанска непослушност и на блокирање на патишта

-

Претседателот на албанската Демократска партија, Љуљзим Баша, вчера повика на засилување на протестите против власта и за денеска најави блокада на главните патишта, притоа критикувајќи ја полицијата што не издала дозвола за протестите. Баша рече дека сите полицајци што ќе се обидат да ги сопрат демонстрантите, ќе бидат снимани и со дронови и од тлото.

Во текот на кампањата во Ѓирокастро, тој порача дека нема да дозволи да се случи „втора 1997“ и ги повика гласачите да избираат „помеѓу Европа и протестни шатори“. Ги отфрли обвинувањата од албанскиот премиер Еди Рама, велејќи дека „опозицијата е решена да ја продолжи битката до самиот крај, без кршење на ниту еден прозорец“.

Во меѓувреме, продолжија обвинувања од двете страни за наложениот од меѓународната заедница процес на прочистување на правосудството од корупција. Рама повтори дека овој процес е блокиран поради врските на опозицијата со корумпирани судии. Опозицискиот лидер, од друга страна, порача дека законот за прочистување треба да биде спроведен од техничка влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...