fbpx

СДСМ: Ако не се одблокира Собранието, следува целосна блокада на државниот систем

-

Парламентарното мнозинство има должност да ја реализира мнозинската волја на граѓаните и да ја спаси државата од хаос, а граѓаните од егзистенцијален крах, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ.

Од партијата велат дека уставниот поредок на државата е нарушен со неразумното однесување на Никола Груевски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кои за да ја избегнат правдата, користат насилство врз граѓаните и врз државата.

Оттаму нагласуваат дека доколку продолжат блокадите, за три недели следува целосна блокада на државниот систем.

„На 15 мај престануваат сите надлежности на градоначалниците и на советите во општините. Нови локални избори може да распише само новиот претседател на Собранието, чијшто избор го блокираат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. За три недели, ако не се одблокираа демократскиот процес, граѓаните ќе останат без еднократната социјална помош што им следува по закон! Социјално загрозените лица ќе останат без субвенциите за комунални трошоци! Без плата ќе останат врботните во општините, во училиштата, градинките, културните установи, другите општински установи…“, стои во соопштението на СДСМ.

Од партијата повторно најавуваат дека во перидот што следи, „во согласност со деловникот на Собранието, Уставот и со законите ќе биде избран новиот претседател на Собранието кој ќе ги закаже локалните избори и ќе се отвори пат за формирање на новата влада“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...