fbpx

Авиосообраќајот профункционира во јули, но бројот на патници драстично е намален (инфографик)

-

Воздухопловниот превоз од двата македонски аеродрома беше воспоставен во јули за прв пат од почетокот на корона кризата во нашата земја, но малку граѓани го користеле авиосообраќајот за патувања изминатиот месец. Државниот завод за статистика во јули 2020 година регистрирал вкупно 63.448 патници од аеродромите во Скопје и Охрид, што е за над 228.000 патници помалку во споредба со идентичниот месец минатата година.

Летовите од Меѓународниот аеродром Скопје минатиот месец ги користеле 57.160 патници, додека преку охридскиот аеродром биле превезени 6.288 патници. Драстичниот пад на бројот на патници се должи на корона кризата во нашата земја и на високиот број на активни случаи заболени со ковид-19, што резултираше неколку земји-членки на ЕУ привремено да го сопрат авиосообраќајот кон нашата земја, додека авиокомпаниите го намалија бројот на летови неделно поради малиот интерес за патување со авион.

Комерцијалните летови од и кон нашите аеродроми беа во целосен прекин од 18 март до 30 јуни 2020 година, како резултат на владината одлука за да се спречи ширењето на корона вирусот во нашата земја преку заболени пациенти увезени од странство. Сепак, поради непочитувањето на мерките за заштита од страна на граѓаните, нашата земја изминатово лето регистрираше голем број на новозаболени од ковид-19 на дневно ниво, што доведе до тоа странските влади да воведат различни ограничувања за патување кон земјава.

Актуелните податоци за штетите во македонскиот авиосообраќај се бројат на речиси 1 милион помалку превезени патници досега годинава во споредба со 2019 година. Статистичарите пресметале дека двата аеродрома во земјава од јануари до јули 2020 година имале вкупно 496.055 патници, наспроти идентичниот период лани кога со авион патувале дури 1.452.876 патници. Покрај ова, сериозни штети од укинатите летови трпи туристичкиот сектор поради неможноста да пристигнат странски туристи во земјава, како и да се упатат македонски туристи до летните туристички места во странство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...