fbpx

Арсовска вели дека ЕСМ прво треба да го санира мостот, а потоа да го постават топловодот

Арсовска потенцира дека дури Градот Скопје и да сака да пристапи на санацијата на мостот, ќе треба ново буџетирање, нова програма и ќе требаат одлуки на Совет на град Скопје, а сето ова ќе треба време, додека ЕСМ санацијата би ја завршил пред да почне грејната сезона

-

Почетокот на грејната сезона во Скопје доаѓа за нешто помалку од три недели, а Градот Скопје и Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) и понатаму се без консензус кој треба да ги санира оштетувањата на долниот дел од мостот Беласица. Скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска изјави дека ЕСМ треба најпрво да го санира мостот, а потоа да ги постават цевките од топловодот.

Арсовска вели дека изминатиов период се пласирале многу несоодветни информации и манипулации за мостот Беласица. Таа вели дека постојат минорни оштетувања на мостот кои не влијаат врз неговата стабилност, меѓутоа за да се монтира нов сет на цевоводи во функција на топловодната мрежа мора претходно да се санира штетата што е предизвикана од горењето на изолацијата за да може да се направи монтажата.

Градоначалничката изјави дека камионите и лицата коишто биле спречени од Градот Скопје да работат на монтажата на цевките не поседувале соодветна документација за истото. Таа повтори дека најпрво треба да се направи иницијалната санација на долниот дел од мостот од страна на ЕСМ, а потоа да се монтира цевоводот.

Арсовска потенцира дека дури Градот Скопје и да сака да пристапи на санацијата на мостот, ќе треба ново буџетирање, нова програма и ќе требаат одлуки на Совет на град Скопје, а сето ова ќе треба време, додека ЕСМ санацијата би ја завршил пред да почне грејната сезона.

Инаку, скопската градоначалничка денеска повтори дека мостот Беласица е безбеден и сигурен за движење, а ова го потврдиле сите испитувања што се направени врз него.

За да се пушти во целост мостот, неопходно е да се изврши санацијата во долниот дел. Од мостот се пуштени само две сообраќајни ленти единствено поради безбедноста на луѓето кои ќе работат на санациониот зафат, а со санацијата и поставувањето на топловодот, не постои пречка за да се пуштат во употреба сите коловозни ленти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...