fbpx

Aпликацијата „Стоп Корона“ досега ја инсталирале над 47.000 граѓани

-

Апликацијата за мобилни телефони, чија цел е да се открие близок контакт со лица потенцијално заразени со Ковид-19 – „Стоп Корона”, досега е инсталирана од 47.000 граѓани, а надлежните очекуваат дека во наредниот период бројот на корисници ќе се зголеми на 200.000, пренесува „Порталб.мк“.

„Апликацијата особено ќе биде значајна за намалување на мерките и тогаш очекуваме дека таа ќе се користи уште повеќе“ велат за „Порталб.мк“ од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Од таму додаваат дека апликацијата се ажурира, дека  нема да се додадат други функционалности, бидејќи целта е да се направи што е можно поедноставна за користење.

„Фокусот на апликацијата е да помогне во намалувањето на ширењето на корона вирусот. Таа е веќе ажурирана по забелешките на граѓаните, но не се планира да има нови функционалности, со цел апликацијата да биде што е можно поедноставна за употреба и достапна за сите граѓани“, велат од МИОА.

Министерот на МИОА, Дамјан Манчевски, во емисијата „Click Plus” истакна дека препораката на лекарите за нивните пациенти да ја користат оваа апликација ќе даде резултати.

„Мислам дека акцијата, за инсталирање на апликацијата преку матичните лекари, ќе вроди со плод. Би сакал повторно да истакнам дека немаме намера да воведуваме рестриктивни мерки и да ги натераме луѓето да чувствуваат дека тоа е еден вид обврска, иако би требало да биде граѓанска обврска. Само сакаме тие да чувствуваат дека треба да ја преземат за заштита на здравјето на луѓето“, рече Манчевски.

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека во следниот период апликацијата ќе биде од големо значење за обезбедување реална слика заедно со проценка на имунитетот на населението.

„Ќе дојде период кога ќе треба да направиме просечна проценка, да видиме како да ги димензионираме другите мерки што ќе треба да ги преземеме или да ги препорачаме за на крајот на летото, и во рана есен. Тогаш оваа апликација, заедно со потребата да се процени имунитетот на населението ќе биде од големо значење бидејќи ќе се покажат контакти што можеби никој не бил свесен дека ги имал во одреден момент,“ рече министерот Филипче.

Инаку, Владата испрати препорака за инсталирање на мобилната апликација „Стоп Корона”, за сите вработени во органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските компании во сопственост на државата, агенциите, фондовите, заводи, дирекции и сите други државни институции. Во исто време, таа им наложи на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и други правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и вработените во приватниот сектор, да ја инсталираат оваа апликација.

Во исто време, Владата побара од Фондот за здравствено осигурување да ги принуди сите матични лекари во нашата земја да им препорачаат на своите пациенти да ја инсталираат мобилната апликација „Стоп Корона!“

Оваа апликација, според надлежните, ќе ја олесни работата на епидемиолозите, во однос на анкетирањето, прегледите и пронаоѓањето на сите контакти и ќе го скрати времетраењето на епидемијата.

Агенцијата за заштита на лични податоци даде позитивно мислење за употребата на оваа апликација. Апликацијата е изработена е од компанијата „Нексус“ и е достапна за телефоните „IOS“ и „Android“. Граѓаните кои ја преземаат ќе треба да го вклучат Bluetooth-от на своите телефони кога и да се надвор од куќата, за да можат да се снимаат контакти.

Апликацијата може да се преземе на овој линк: https://stop.koronavirus.gov.mk/?fbclid=IëAR3yYfPT8IFcOYtsR32IUpePiOQReVXu6HhJCDVë9KëLkyycbMre6i3OT4s

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...