fbpx

Си го ограбил семејството, па лажно пријавил кражба

-

Тетовската полиција поднела кривична пријава против И.З. (26) од селото Боговиње, осомничен за лажно пријавување кривично дело.
Како што информираат од полицијата, осомничениот на 22 декември минатата година, во полиција пријавил кражба на златен накит, вреден 15.000 евра, од куќата на неговиот татко, која претходно самиот ја извршил.

Според полицијата, И.З. истиот ден, во периодот меѓу 19 и 21.30 часот, откако најблиските заминале на гости кај роднина, со клуч ја отворил влезната врата од куќата и од кујната го зел златниот накит и заминал.

Мотив за кражбата, според полицијата, биле финансиски проблеми во кои се нашол осомничениот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...