fbpx

Радијацијата од Фукушима пристигна на брегот на Канада

-

Радијација од јапонската нуклеарна централа Фукушима, која беше погодена од цунами, пристигнала до брегот на Канада откако јапонските власти не успеаја да се справат со истекувањето на радиоактивните води.

Научниците, сепак, тврдат дека нивото на радијација е премногу ниско за да претставува каква било закана.

Траги од цезиум-134 и цезиум-137 се откриени во примероците што се собрани на 19 февруари во близина на островот Ванкувер во Британска Колумбија, соопшти Кент Бјусеклер, научник при Институт за океанографија „Вуд Хол“.

„Радиоактивноста може да биде опасна и мора внимателно да го набљудуваме океанот по најголемата несреќа во историјата, при која во океанот беа ослободени радиоактивните загадувачи“, стои во соопштението од институтот.

Научниците велат дека морскиот свет и човештвото не се загрозени бидејќи новото на радијација е екстремно мало, толку ниско што со едно рендгенско снимање заби се изложувате на 1.000 пати поголема радијација отколку секојдневно цела година да пливате во водите на брегот на островот Ванкувер, велат научниците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.