Мицкоски најави истраги за хонорарите на екс членовите на историската комисија

Потрошени се стотици илјадници евра народни пари за ништо – резултираше со капитулација со она што го прифатија двоецот Ковачевски-Османи. Тоа го сработи оваа комисија и потроши народни пари, вели Мицкоски

-

Истражни органи ќе се вклучат во истрага која треба да покаже каде се трошеле парите и колкави се хонорарите на членовите на историската комисија, изјави премиерот Мицкоски за „Гласот на Америка“ на македонски јазик. Тој коментира дека биле потрошени илјадници евра за ништо.

„Нека се вклучат експерти, ние сме за тоа за да се најде решение. Сега, овие политички флоскули што доаѓаат од поранешните членови на комисијата треба да се коментираат повеќе. Потрошени се стотици илјадници евра народни пари за ништо – резултираше со капитулација со она што го прифатија двоецот Ковачевски-Османи. Тоа го сработи оваа комисија и потроши народни пари. Отсуството на доверба на оваа влада кон оваа комисија е прашање на политичка одлука, а не дали ќе се вклучи ОБСЕ, ќе се вклучи ОБСЕ, ама ќе се вклучат и истражните органи да видиме каде се трошеле парите, да видиме колкави се хонорарите“, изјави Мицкоски, кој кажа дека историската комисија има нов состав, но не го соопшти јавно.

Тој останува на ставот дека сака да гради добрососедски односи и тука нема никаква дилема.

Туѓото не го сакаме, своето не го даваме, рече премиерот.

Владиниот врв, предводен од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре ќе биде во Софија. Предвидено е таа да се сретне со бугарскиот претседател Румен Радев, за првпат откако ја презеде функцијата. Најавите се дека не треба да се очекуваат разговори за суштински теми зашто Бугарија е во ново предизборие.

Во пресрет на утрешните средби, поранешните членови на македонскиот тим од заедничката историcка комисија излегоа со отворено писмо до јавноста во кое одговараат на прозивките од новата влада дека нивната работа не била во насока на одбрана на националните интереси.

„Работата во Комисијата, која е експертско, а не политичко тело, за нас беше можност да се помогне во надминување на проблемите кои постојат помеѓу двете држави. Но, поради документите усвоени од страна на Владата во Софија (рамковната позиција и објаснувачкиот меморандум), неодговорното однесување на политичарите во двете држави, како и поради неодговорните и политизирани изјави на некои од колегите во бугарскиот дел од Комисијата и политички мотивираното заминување на новиот копретседател од македонска страна, таа беше злоупотребена за политички и партиски цели и интереси во двете земји“, пишува во писмото.

Членовите на комисијата кои неодамна беа разрешени сметаат дека изјавите на премиерот за нивната работа биле неаргументирани и обвинувачки, исто како и настапите на шефот на дипломатијата со кои, според нив, тој комисијата ја прогласил за политичко тело.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...