ОН: Евакуацијата на Деир ал-Балах сериозно ја попречи работата на хуманитарните работници во Газа

По неколкумесечната окупација на градот Рафах, Деир ал-Балах служеше како центар за здравствените и хуманитарните работници

-

Обединетите нации (ОН) соопшти дека работата на нивните хуманитарни работници е сериозно попречена поради наредбата за евакуација на градот Деир ал-Балах од страна на израелските сили, пренесува Гардијан.

По неколкумесечната окупација на градот Рафах, Деир ал-Балах служеше како центар за здравствените и хуманитарните работници. Израел нареди населението во Деир ал-Балах да се евакуира, за да нивните сили можат да ги довршат своите тактички операции, односно да таргетираат инфраструктура на Хамас.

Според ОН, на најмалку 15 згради во кои работеле ОН им било наредено да се евакуираат. Сепак, од ОН истакнуваат дека нивната работа не е целосно прекината – продолжува да работи преку локалните населенија.

Истовремено, Светската програма за храна на ОН информира дека наредбите за евакуација ја попречуваат работата на нивните центри, кои се клучни за снабдување на регионот со храна.

Реакции против евакуацијата имаше и од вработените на болницата Ал-Акса. Тие апелираа да им се дозволи на стотина пациенти да останат во болницата и истата да не биде мета на израелските пушки и авиони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...