fbpx

Истрага против 19-годишник за продажба на дрога и напад на полицаец

Додека му бил вршен претресот, деветнаесетгодишникот од џебот извадил нож и им се заканил на полициските службеници, а со дршката од ножот удрил еден од полицајците, нанесувајќи му телесна повреда

-

Основното јавно обвинителство Куманово, поведе истрага против 19-годишник осомничен за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции од член 215 став 1, но и Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти денеска Обвинителството.

„На 25 март, при личен претрес на осомничениот пред станбената зграда во која живеел, полицијата пронашла околу 10 грама марихуана која претходно ја набавил од непознато лице, ја спакувал во седум помали пакувања и ја наменил за натамошна продажба. Додека му бил вршен претресот, тој од џебот извадил нож и им се заканил на полициските службеници, а со дршката од ножот удрил еден од полицајците, нанесувајќи му телесна повреда“, пишува во соопштението од Обвинителството

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, а Основниот суд во Куманово го прифатил предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За третина од светското население климатските промени се предизвик, но не треба да бидат приоритет на владите

Третина од светската популација верува дека климатските промени се еден од најголемите глобални предизвици, но многу помалку веруваат дека ова прашање треба да биде приоритет за нивните влади, се...