fbpx

Термин за лични документи отсега може да се побара онлајн

Откако граѓаните ќе го испратат барањето, операторите од повикувачкиот центар ќе ги исконтактираат на наведениот телефон за контакт

-

Од вчера е воведен уште еден начин за закажување на термин за фотографирање за лични документи, соопшти утрово Министерството за внатрешни работи (МВР).

Воведена е нова секција на интернет-страницата termin.mvr.gov.mk. Во секцијата наречена „Поднеси барање за термин“, граѓаните го внесуваат својот матичен број, оставаат телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин.

Откако граѓаните ќе го испратат барањето, операторите од повикувачкиот центар ќе ги исконтактираат на наведениот телефон за контакт за да го опслужат нивното барање „во најкус можен рок“, велат од МВР.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 13 часот за претседател гласале 23.95 отсто а за пратеници 25.84 отсто од гласачите

До 13 часот на Претседателските избори гласале 302.158 граѓани, односно 23.95 отсто од гласачите, додека, пак, на Парламентарните избори гласале 312.070 граѓани, или 25.84 отсто. Според податоците од Државната изборна...