fbpx

Антидесничарски протести во Германија: Десетици илјади луѓе повторно на улиците

Само во Хамбург се собраа 50-60.000 граѓани. Стануваше збор за трет голем протест во градот за месец и половина од почетокот на протестите

-

Десетици илјади луѓе викендов ги продолжија протестираат низ Германија против десничарскиот екстремизам, а на демонстрациите им се приклучија и организации како што е еколошкото движење „Петоци за иднината“, пренесе германската новинска агенција ДПА.

Само во Хамбург се собраа 50-60.000 граѓани. Стануваше збор за трет голем протест во градот за месец и половина од почетокот на протестите.

Протестите започнаа во јануари откако беше објавен извештајот на медиумскиот истражувачки центар „Коректив“ во однос на ноемврискиот состанок на радикалните десничари во Потсдам, со учество на претставници на парламентарната десничарска партија Алтернатива за Германија.

Тема на средбата била и премиграцијата, збор што во десничарски жаргон значи „притисок врз имигрантите“, вклучително и граѓани од имигрантско потекло – да ја напуштат земјата.

Илјадници луѓе се собраа во Дрезден по трет пат за само неколку недели. Организаторот, здружението „Ѕид против пожари“, го процени бројот на учесници на околу 20.000.

Демонстрации против екстремизмот со илјадници учесници минатиот викенд се одржаа и во Долна Саксонија, Рајнска област-Пфалц и регионот Сар, како и во провинцијата Бранденбург.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 13 часот за претседател гласале 23.95 отсто а за пратеници 25.84 отсто од гласачите

До 13 часот на Претседателските избори гласале 302.158 граѓани, односно 23.95 отсто од гласачите, додека, пак, на Парламентарните избори гласале 312.070 граѓани, или 25.84 отсто. Според податоците од Државната изборна...