fbpx

Утре од 17 часот речиси цело Скопје ќе остане без вода

Причина за прекинот на водоснабдувањето е интервенција на главната водоводна цевка во Рашче

-

Речиси сите скопски населби утре од 17 часот ќе се соочат со намален притисок или прекин на водоснабдувањето. Ваква информација соопшти денеска јавното претпријатие Водовод и канализација.

Причина за прекинот на водоснабдувањето е интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче.

Од ЈП Водовод и канализација велат дека засегнати ќе бидат следниве населени места: Арнакија, Сарај, Глумово, Горна Матка, Долна Матка, Ѓорче Петров, Влае, Карпош, Жданец, Нерези, Центар, Клинички Центар, Кисела Вода, Усје, Пинтија, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране, дел од Гази Баба, Чаир, Скопје Север, Топаанско Поле, Автокоманда и Аеродром.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Најголем напад на Русија врз украинскиот енергетски систем во последните неколку седмици

Руски проектили и беспилотни летала погодија речиси десетина украински критични инфраструктурни објекти во голем воздушен напад рано во средата, предизвикувајќи сериозна штета на три термоелектрани од времето на Советскиот...