fbpx

Седуммина загинати, меѓу нив и три деца, во руски напад врз Харкив

Синоќешниот напад предизвикал запаленото гориво да се излее врз околните домови, принудувајќи најмалку 50 лица да се евакуираат

-

Седум лица, меѓу кои и три деца, загинаа во напад на руски дрон врз бензинска станица во градот Харкив во источна Украина, изјави утрово регионалниот гувернер Олег Синегубов, а пренесува Гардијан.

„За жал, бројот на загинати од окупаторските напади на Харкив се искачи на седум. Меѓу нив има три деца: седум, четири години и шестмесечно бебе“, напиша Синегубов на социјалната мрежа Телеграм.

Синоќешниот напад предизвикал запаленото гориво да се излее врз околните домови, принудувајќи најмалку 50 лица да се евакуираат, изјави претходно градоначалникот на Харкив, Игор Терехов.

Пожарникарите и спасувачите работеле во текот на ноќта за да се справат со последиците од нападот, да ги изгаснат пожарите и да ги расчистат урнатините.

Украинското воено воздухопловство соопшти, а Укринформ пренесе дека противвоздушната одбрана и мобилните групи ловци на беспилотни летала собориле 23 од вкупно 31 дрон лансирани од Русија кои биле насочени кон Харкив, но и кон регионот Одеса.

Харкив е редовно напаѓан од почетокот на руската инвазија на Украина од февруари 2022 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Видео од мечка во продавница, снимено во Калифорнија, претставено како да е од Русија

Сите видеоматеријали споделени во објавата се од Америка, и тој каде мечката влегува во продавницата и двете видеа каде незадоволни корисници уништуваат продавници или расфрлаат храна и пијалаци, пишува...