fbpx

ВМРО-ДПМНЕ на 11 јануари ќе разговара за кандидатите во техничката влада

Мицкоски денеска во одговорите пред новинарите не сакаше да прецизира за евентуални имиња на идните министри и заменици-министри во техничката влада

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска информираше дека на 11 јануари ќе имаат состанок на извршниот и централниот комитет на партијата, на кој ќе се разговара за кандидатите за министри и заменици-министри во техничката влада која треба да ја води земјава од 28 јануари.

Мицкоски денеска во одговорите пред новинарите не сакаше да прецизира за евентуални имиња на идните министри и заменици-министри во техничката влада. Тој го повтори ставот дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи Талат Џафери за премиер на техничката влада.

„Талат Џафери не ја заслужува поддршката на ВМРО-ДМНЕ и ќе се воздржиме од гласање“, изјави денеска Мицкоски.

Техничка влада согласно актуелниот закон ќе има во земјава од 28 јануари, при што политичката партија ДУИ го даде предлогот за Талат Џафери како нејзин премиер. Оваа влада треба да ги организира претседателските и парламентарните избори што ќе се одржат напролет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...