fbpx

Снимка од грабеж во Англија во 2016 година претставена како снимка од нападот во Контролата на летање

Деталите од фотографијата не кореспондираат со денот и времето кога се случил нападот. Поради тоа, Вистиномер ја пребара фотографијата на Гугл и најдовме дека таа е од снимка од 2016 година. Станува збор за инцидент кој се случил во Англија, а во кој две лица нападнале човек на неговото работно место за да го ограбат

-

Деталите од фотографијата не кореспондираат со денот и времето кога се случил нападот. Поради тоа, Вистиномер ја пребара фотографијата на Гугл и најдовме дека таа е од снимка од 2016 година. Станува збор за инцидент кој се случил во Англија, а во кој две лица нападнале човек на неговото работно место за да го ограбат, пишува Вистиномер.мк.

 

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија за која тврди дека го прикажува нападот врз вработените во Контролата на летање.

Сцени од терористичкиот напад во контролата за летање, стои во објавата.

На споделената фотографија се гледа како две лица со црни капи на главите напаѓаат еден човек, при што, едниот од нив го дави човекот со раката околу неговиот врат. На фотографијата е видливо дека таа е направена во среда околу 13 часот.

Нападот врз вработени во Контролата на летање, како што информираше претседателот на струковиот синдикат Александар Тасевскисе случил на 04.01.2024 година (четврток, а не среда), околу 15 часот (не во 13 часот како што се гледа на фотографијата), кога пред објектот дошле неколку возила од кои излегле неколку луѓе кои влегле во зградата. Според Тасевски, тие предизвикале караница и нападнале вработени во контролата на летање.

Деталите од фотографијата не кореспондираат со денот и времето кога се случил нападот. Поради тоа, Вистиномер ја пребара фотографијата на Гугл и најдовме дека таа е од снимка од 2016 година. Станува збор за инцидент кој се случил во Англија, а во кој две лица нападнале човек на неговото работно место за да го ограбат.

Како што јавил тогаш британски МирорНил Блеквел и Кевин Рипли се изјасниле за виновни за нападот во кој Рој Џејмс, татко на седум деца, бил соборен на подот и давен сè додека не се онесвестил.

На шокантните снимки се гледа како еден од напаѓачите ја става раката околу грлото на Џејмс, пред да го собори на подот. Двајцата напаѓачи избегале од местото со неговиот златен часовник Yacht-Master Rolex вреден 15.000 фунти, пишува Мирор.

Блеквел (27) и Рипли (32) завршиле во затвор за грабежот. Блеквел бил осуден на пет години и осум месеци затвор, додека Рипли бил осуден на четири години и шест месеци затвор.

Во написот на Мирор може да се види фотографија од инцидентот направена и од друг агол.

На оваа фотографија, пак, се гледа точниот датум и час кога била направена снимката, а тоа е 02.10.2016 година (среда) во 13:39 часот.

Еве ја и целосната снимка од овој инцидент:

 

Од ова може да се заклучи дека фотографијата нема никаква врска со нападот на вработените во Контролата на летање, туку истата е поврзана со напад и грабеж кој се случил во 2016 година во Англија. Објавата шири дезинформација и истата ја оценуваме како невистинита.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...