fbpx

Скопјанец се заканувал, шамарал и пукал од пиштол на „Џон Кенеди“

Тој во кавга со пиштол AG-9 нишанел во три лица, по што на едното од нив му удрил шлаканица, а потоа пукал во воздух

-

Обвинение е поднесено против 33-годишен насилник од Скопје, којшто на улицата „Џон Кенеди“ демонстрирал сила, информираат од Основното јавно обвинителство.

Имено, тој пред зграда на оваа улица во Чаир/Топаанско Поле, со пиштол AG-9 во кавга, нишанел во три лица, по што на едното од нив му удрил шлаканица, а потоа пукал во воздух.

Полицијата го привела и тој веднаш по инцидентот бил однесен во притвор. Заедно со обвинителниот акт, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје), поднел и барање за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...