fbpx

Бугарскиот премиер најави дека земјата ќе добие делумен влез во Шенген зоната

„Прво, да се влезе во воздушниот и морскиот Шенген, ова е веќе голем успех. Затоа, прво да се радуваме на ова. Ќе преговараме до последен момент за ова, но и копнените граници да бидат вклучени“, посочи премиерот Денков

-

Бугарија и Романија активно преговараат со Австрија за влез во Шенген зоната, а бугарскиот премиер Николај Денков го опиша како голем успех евентуалниот влез на земјата во Шенген зоната во делот на воздушниот и поморскиот сообраќај. Преговорите со Австрија продолжуваат, а Денков се надева оти земјата ќе добие можност за влез во европската зона на слободно патување и во патниот транспорт, јавува Медиапул.бг.

„Прво, да се влезе во воздушниот и морскиот Шенген, ова е веќе голем успех. Затоа, прво да се радуваме на ова. Ќе преговараме до последен момент за ова, но и копнените граници да бидат вклучени“, посочи премиерот Денков.

Според дипломатски извори, одлуката за влез на двете балкански земји во воздушната Шенген зона најверојатно ќе биде донесена во јануари. Засега, официјална Виена сепак останува цврста во намерата да го спречи нивното полноправно членство во Шенген зоната.

Романија, исто така, ја прифати „понудата“ за влез во Шенген зоната со воздушниот и поморскиот сообраќај, со очекувања дека наскоро треба да следи одлука за патниот транспорт, бидејќи Австрија ќе остане изолирана во ваквата блокада.

Бугарија сега е подготвена да ги реорганизира проверките на аеродромите од своја страна, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Калин Стојанов, доколку Бугарија биде примена во Шенген зоната по воздушен пат.

Лидерот на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов пак по разговорот со унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија сепак ќе продолжи да ја поддржува Бугарија на нејзиниот пат кон влезот во Шенген зоната. Инаку, Унгарија претходно се закани дека ќе стави вето на влезот на Бугарија во Шенген зоната ако земјата не ја укине таксата за транзит на руски гас низ нејзина територија. По ваквата закана, бугарскиот парламент се одлучи да ја укине таксата за рускиот гас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Радев: Наскоро ќе стане јасно дали ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на евроинтеграциите

Бугарскиот претседател Румен Радев коментира дека наскоро ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова и партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе работат за европската перспектива на Скопје. Тој, како што пренесува...