fbpx

Дизелот поевтинува, цената на бензините останува иста

Литар дизел гориво од полноќ ќе чини 73 денари. Бензинот еуросупер 95 чини 76,5 денари за литар, а еуросупер БС 98 чини 78,5 денари за литар

-

Цената на дизел горивото се намалува за еден денар, а цената на бензините останува иста, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).

Литар дизел гориво од полноќ ќе чини 73 денари, бензинот еуросупер 95 – 76,5 денари за литар, а еуросупер БС 98 ќе чини 78,5 денари за литар. Маслото за горење екстра лесно 1 чини 72,5 денари, а килограм мазут, 40 денари.

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,573%, кај дизелот 2,404%, кај екстра лесното масло 2,219% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,971%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,131%“, соопштува РКЕ.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...