fbpx

Поради проблеми со работата на моторот, хеликоптер на АРМ принудно слетал кај Петровец

„По безбедното слетување на хеликоптерот, биле преземени сите стандардни оперативни процедури за обезбедување на местото“, се наведува во соопштението

-

Хеликоптер на АРМ денеска принудно слетал во близина на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, во реонот на Петровец, оти пилотот добил предупредување за појава на проблеми со моторот, информираат од Генералштабот на Армијата.

„Воздухопловниот ВИНГ денеска редовно извршувал летачка обука, при што ги следел безбедносните процедури. Но, откако се појавило сигнализациско предупредување на инструментите за појава на грешки во работа на моторот, околу 14 и 30 часот хеликоптерот принудно слетал во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, во реонот на Петровец“, наведено е во соопштението.

Во него се додава дека по безбедното слетување на хеликоптерот, биле преземени сите стандардни оперативни процедури за обезбедување на местото. Била утврдена причината на дефектот и хеликоптерот бил оспособен за летање.

„Нема никакви оштетувања на хеликоптерот и посадата е безбедно слетана“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Муцунски: Бојкотот на ДУИ не успеа, од утре очекуваме нов претседател

„Отворениот повик за бојкот на ДУИ не успеа“, прогласи потпретседателот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на прес-конференција во седиштето на партијата. Со оваа...