fbpx

Зимската опрема од денеска задолжителна во возилата

За да се избегне казнување на возачите, од МВР потсетуваат дека оваа обврска важи до 15 март

-

Носењето зимска опрема во возилата од денеска е задолжително, потсетуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Без оглед на актуелната временска состојба, од 15 ноември возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Оваа обврска за возачите трае до 15 март.

За да се избегне казнување на возачите, од полицијата потсетуваат дека сите моторни возила кои не надминуваат 3.500 килограми треба да имаат: зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри или пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

За моторни возила со погон на четири тркала (4×4) задолжително е поседување на зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм или пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм, ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина. Во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

За моторни возила кои надминува 3.500 килограми неопходно е возачите да имаат зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм или пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Автобусите и товарните моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Муцунски: Бојкотот на ДУИ не успеа, од утре очекуваме нов претседател

„Отворениот повик за бојкот на ДУИ не успеа“, прогласи потпретседателот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на прес-конференција во седиштето на партијата. Со оваа...