fbpx

[ВИДЕО] Пожарникар исчезнал при гаснење пожар во штипско, МВР и „Тигрите“ го пронашле

Пожарникарот бил лоциран на непристапен терен, по што спасувачкиот тим извел „крајно сложена акција“, соопштија од МВР

-

Денеска околу 12 часот и 30 минути, Министерството за внатрешни работи (МВР) добило известување од Центарот за управување со кризи (ЦУК) дека е исчезнат пожарникар кој бил ангажиран во гаснење на пожар во штипското село Селце.

Како што соопшти полицијата, по добиеното известување, во потрага по пожарникарот се вклучиле хеликоптер Бел 412 од хеликоптерската единица за полициски намени при Одделот за воздухопловни единици, како и алпинистички тим од специјалната антитерористичка единица „Тигар“ (САЕ Тигар).

Еден час подоцна, исчезнатиот пожарникар бил лоциран на непристапен терен, по што спасувачкиот тим извел „крајно сложена акција“.

Алпинистичката екипа на единицата „Тигар“ се спуштила со витло, а лицето било пренесено на безбедна локација.

МВР објави и видео од акцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Христијан Мицкоски веќе договорил кредит од милијарда евра од странска влада

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и веројатен иден премиер Христијан Мицкоски, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, на 09 мај 2024 година, најави „финансиски пакет“ од една милијарда евра...