fbpx

Антикорупциска: Веќе е оформен предмет за набавката на лиценциран софтвер за 40 милиони евра

Од Антикорупциска велат дека предметот е оформен и, согласно со деловникот за работа на ДКСК, е распределен за работа

-

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти дека веќе е оформен предмет за набавка на лиценциран софтвер од Генералниот секретаријат на владата по доставена анонимна пријава во која се наведува дека „генералниот секретаријат потпишал договор сo Microsoft за лиценци и сервиси во вредност од околу 26.000.000,00 евра“.

Предметот бил оформен минатиот месец, а денешното соопштение на Антикорупциска следува по јавно упатениот повик на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Стоилковски денеска порача дека 10 дена ВМРО-ДПМНЕ чека ДКСК да пројават интересирање како е можно 40 милиони евра да се даваат за лиценци на фирма каде што доминира колега на премиерот.

„Очекуваме ДКСК да се произнесе и за првиот и за вториот тендер за оваа фирма, односно зошто е направен тендер на 15 милиони евра, со намалени услови пред 3 години? И веднаш потоа, по неполни 3 години, за истите услуги, 25 милиони евра, односно 10 милиони евра повеќе?“, праша Стоилковски.

Од Антикорупциска велат дека предметот е оформен и, согласно со деловникот за работа на ДКСК, е распределен за работа и постапувањето по истиот е во тек.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Муцунски: Бојкотот на ДУИ не успеа, од утре очекуваме нов претседател

„Отворениот повик за бојкот на ДУИ не успеа“, прогласи потпретседателот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на прес-конференција во седиштето на партијата. Со оваа...