Министерство за култура: Сите обврски на Агенцијата за филм ќе бидат сервисирани

„Во интерес на транспарентно информирање, Министерството за култура повторува дека кратење на буџетот за филм нема да има“, велат од министерството

Фото: Борче Поповски

Откако денеска 70 режисери и продуценти и Агенцијата за филм реагираа на најавите дека ќе се скратат средства планирани за филмска продукција, Министерството за култура попладнево реагираше нагласувајќи дека немало да има кратење на буџетот за филм и дека сите обврски што Агенцијата за филм ги има кон корисниците ќе бидат навремено префрлени.

„Во интерес на транспарентно информирање, Министерството за култура повторува дека кратење на буџетот за филм нема да има. Со оглед на новото соопштение на Агенцијата за филм, информираме дека, сите обврски кои Агенцијата ги има преземено кон своите корисници, ќе бидат навремено сервисирани, согласно динамиката и месечните планови“, гласи соопштението од Министерство за култура.

Да не се кратат средствата за филмска дејност, бараат македонски режисери и продуценти