среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: кратење | 11 резултати

ЈСП: Линија 28 ќе сообраќа по скратена траса поради затворање на „Македонско село“

октомври 19, 2018

ЈСП информира дека на линијата 28 ќе сообраќа минибус по скратена траса од понеделник 22 октомври. „Наместо Транспортен центар, почетната станица на автобусите на посочената линија ќе биде почетната станица на линија 4А (улица„Лондонска“), а крајна станица и понатаму ќе биде Горно Нерези (Македонско село).  Причина за кратење на трасата, е затворањето на комплексот „Македонско село“ […]

Царовска: Нема да има кратење на пензиите, годишно ќе се зголемат за 2.160 денари

август 18, 2017

Секој пензионер, согласно законот за пензии и членот од законот за усогласување со порастот на трошоци за живот и порастот на плати, ќе добива по 180 денари секој месец, од јануари до декември, или за 2017 година ќе добие вкупно 2.160 денари, изјави денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Таа рече дека […]

Интерпелација и за Тевдовски оти бил „министер за кратење и за задолжување“

август 10, 2017

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието ќе поднесат интерпелација за работата на министерот за финансии, Драган Тевдовски, изјави пратеничката Лилјана Кузмановска. Како главни причина за интерпелацијата се наведуваат „целосно неразвојниот ребаланс на буџетот за значителното намалување на капиталните расходи, засилено и неосновано задолжување на граѓаните на домашниот пазар, зголемување на износот предвиден за задолжување на меѓународните финансиски […]

СДСМ скрати цели 213 милиони денари наменети за образованието, велат од ВМРО-ДПМНЕ

јули 19, 2017

„СДС скрати цели 213 милиони денари наменети за универзитетите и за факултетите во земјава, а ветуваше подобри услови во високото образование“, изјави денеска на прес-конференција Јован Јаулески, член на извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека во текот на изборите се ветувало квалитетно високо образование и подобри услови за студирање, а сега „се блокираат […]

Владата смета дека кратењето на ИПА-фондовите не е санкција од ЕУ

јули 2, 2016

Откако Европската комисија официјално потврди дека ќе се скратат 27,1 милион евра од ИПА-фондовите за Македонија, од Владата соопштија дека не станува збор за санкции, туку за намалување на програмските средства. – Има два аспекти, внатрешен и надворешен. Внатрешниот е поврзан со фактот дека повеќе од една година се очекуваше спроведувањето избори. Во тој период институциите беа […]

Коцијанчич: Обврските се неисполнети, ЕУ ја крати финансиската помош за Македонија

јули 2, 2016

Влошениот политички амбиент е една од причините зошто Владата и администрацијата не беа во можност или немаа волја да ги исполнат обврските за реформа или да ја покажат потребната подготвеност да ги планираат потребните реформи и да ги имплементираат фондовите на ЕУ, одговори портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, на прашањето на „Мета“ зошто Европската комисија скрати 27 […]

Поцков: Со ребалансот скратени 15 милиони евра за земјоделски субвенции

јуни 30, 2016

„Со последниот ребаланс, буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и на руралниот развој е намален за 912 милиони денари. Тоа се 15 милиона евра помалку пари за субвенции за земјоделците“, изјави пратеникот на СДСМ, Сашко Поцков. Тој потсетува дека во последните пет години на земјоделците им се скратени повеќе од 140 милиони евра за субвенции. […]

Страна 1 од 1