fbpx

Владата го подготви зголемувањето на платите во јавниот сектор и на пензиите

Владата го утврдила предлог-законот со кој ќе се изврши зголемување од 10 отсто на платите во јавниот сектор и на пензиите, со важност од овој месец

-

На 183-та седница, Владата го утврдила предлог-законот со кој ќе се изврши зголемување од 10 отсто на платите во јавниот сектор и на пензиите, со важност од овој месец, соопшти владината Служба за информирање.

Утврден е Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, како и Предлог – одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.

Всушност, според она што може да се прочита во соопштението, зголемувањето ќе се „покрие“ со прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите. Според образложението од предлагачот на точките, Министерството за финансии, не се потребни дополнителни финансиски средства, односно парите ќе се префрлаат од еден на друг субјект, за да се постигне зголемување на сите плати на јавната администрација.

Дополнително, така ќе се обезбедат и пари за исплата на регрес за годишен одмор за 2023 година согласно одредбите од Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор.

Предлог-законот предвидува и префрлање пари „за спроведување мерки за надминување на определени непредвидени состојби во стопанството“, како и дополнителни пари за субенции во земјоделството и за образованието; како и за дополнителна државна помош за домашни и странски компании. Планирани се и дополнителни пари за социјалното осигурување и за лекови во здравството.

Се очекува наскоро Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија и предметната Предлог – одлука да бидат доставени до Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...