fbpx

Претставата „Геноцид“ на Љубиша Георгиевски премиерно во Битола

-

Битолскиот театар привршува со подготовките на новата премиера „Геноцид“ во режија на Љубиша Георгиевски.

Оваа драма во седум слики ни ги прераскажува сите наши приказни за уривањето, за злосторствата, за мирот и за војната, за вистината и за лагата. За мажот и за жената, за човековите страсти и порази, за погубноста на погубувањето, стои во најавите на БНТ за оваа премиера.

– За тежината на овој текст да биде уште поголема, Георгиевски го посветува на „Македонските мајки кои раѓале по едно чедо повеќе отколку што крвниците можеле да „потоморат“. Овој театар не остава ниту еден момент на празнина, ниту каква било сенка која талка по ќошевите на сцената. Ова е театар на којшто театарот му се радува – вели драматург Билјана Крајчевска.

Премиерата на „Геноцид“ е закажана за сабота, 14 март, во 19.30 часот, на сцената на БНТ. Сценографијата и костимографијата се на Мери Георгиевска, а музиката е на Марјан Неќак. Во претставата играат Габриела Петрушевска, Петар Мирчевски, Слободан Степановски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска Давкова се сретна со ректорите на државните универзитети

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се состана со ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“, Државниот универзитетот во Тетово, како и универзитетот „Мајка...