fbpx

Средување телевизиско интервју за Груевски

-

Следниот блок аудиоснимки што денеска ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, според неговите зборови покажуваат како се договарале телевизиски содржини кои требало да обезбедат предност за ВМРО-ДПМНЕ.

Во една од снимките, според Заев, се слуша како сопственикот на „Канал 5“, Емил Стојменов, и Мартин Протоѓер разговараат за емисија што треба да се емитува. Протоѓер му вели да ја пуштат емисијата со лош тон, а Стојменов тврди дека ако треба, ќе ја исклучат и струјата во телевизијата.

Во следниот разговор што го објави Заев, зборуваат Протоѓер и Влатко Мијалков за подготовка на интервју кое треба да оди на телевизија „Сител“.

Во третата аудиоснимка од овој блок, Драган Павловиќ-Латас зборува со Зоран Коњановски за интервјуто кое Греувски го дава на телевизија „Сител“. Коњановски му вели дека станал „министер за напад“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...