fbpx

Граѓаните донирале над 162.000 евра за настраданите во Турција и Сирија

-

Македонскиот народ собра речиси 10 милиони денари (162.100 евра) помош за настраданите во земјотресите во Турција и Сирија, соопшти денеска Црвениот крст на С. Македонија. Според Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити граѓаните и овој пат на дело ја покажале својата хуманост и солидарност.

„Заклучно со 7 февруари преку донаторските телефонските линии се собрани вкупно 3.363.800 денари, а во Фондот на солидарност на Црвен крст се уплатени 6.467.192 денари, или вкупно 9.830.992 денари. Исто така, Црвениот крст од своите стокови резерви издвои 1.000 семејни пакети со храна, 1.500 хигиенски пакети и 4.000 ќебиња“, информираше Саити.

Собраните пари ќе бидат префрлени на Турската Црвена полумесечина и Сириската Арапска Црвена полумесечина. Од Црвениот крст и Амбасадата на Република Турција денеска апелираа граѓаните и компаниите да донираат финансиски средства, а не материјални добра бидејќи, како што велат, царинските ограничувања не овозможуваат дотур на таква хуманитарна помош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...