fbpx

Османи од Софија: Ќе се погрижиме да име нула толеранција за насилството

-

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со својот бугарски колега, Николај Милков, денес во Софија заеднички го посетија повредениот македонски државјанин Христијан Пендиков, кој во четврток беше физички нападнат во Охрид.

Османи на лице место се информираше за повредите на Пендиков, изразувајќи притоа длабоко жалење за инцидентот, и посакувајќи му брзо опоравување и закрепнување.

Османи ја искористи посетата и да ја реафирмира осудата за инцидентот, изразувајќи уверување дека многу скоро случајот ќе биде расчистен.

“Жалам за овој инцидент. Таквиот чин не ги одразува вредностите на граѓаните на Република Северна Македонија, на нашето мултиетничко општество и Северна Македонија ќе се погрижиме да има нула толеранција за насилство како одговор на било кој проблем, а најмалку на меѓуетничкиот соживот што е нешто свето што го градиме последните 30 години. Државата ќе се погрижи да се создаде атмосфера на нула толеранција на насилство. Мора да го прекинеме овој циклус на провокации и насилство од двете страни и да ја наметнеме нашата позитивна агенда“, истакна Османи.

Според Османи, Бугарската заедница во Северна Македонија ќе ги има сите права, слободи и привилегии како и секоја друга заедница, нагласувајќи дека нема да се дозволи негирање на бугарската заедница во Северна Македонија, како што нема да дозволи и негирање на македонскиот народ, и заедно Македонците, Бугарите, Албанците, Турците и другите ќе живеат подеднакво слободни.

„Секое доаѓање на политичари во Република Северна Македонија со цел навреди кон македонскиот народ, негирање на македонскиот народ, ќе мораме сериозно да го адресираме и тоа во иднина ќе биде последно доаѓање во Република Северна Македонија. Тој вициозен циклус во кој сме навлезени мора да престане“, додаде Османи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...