Почна протестниот собир пред Младинскиот културен центар: „Сите за МКЦ“ (Видео+Фото)

Фото: Мета.мк

Под мотото „Сите за МКЦ“, на платото пред Младинскиот културен центар во Скопје, денеска се одржува собир за одбрана на оваа културна институција од обидите за политизација и поради кратење на парите.

Протестот е организиран е од колективот „Гола планина“, а ќе трае од 12 до 16 часот. Според најавата за настанот на Фејсбук, целта е „сите ентузијасти и љубители на независната култура, заедно да го изјавиме нашето незадоволство“.

Овој протест се случува откако постоечкиот в.д. директор на МКЦ, Ванчо Богоев кој 36 години е дел од институцијата беше сменет од својата позиција и на негово место беше назначен нов в.д. директор, Никола Алексов, кој е дипломиран детектив.

Во рамки на протестниот музички собир се потпишуваше и петиција со барања за зголемување на буџетот на институција од државните ресурси за култура. Дополнително, преку петицијата се бара да се стави „МКЦ надвор од политичките игри“.

На настанот настапија S.A.M, Cut Your Nipple, Lufthansa, Дина Јашари, Новиот Почеток, Shock Troopers, Yöu, Хајка, Dope Kukjata и други музичари.

МКЦ: Новиот в.д. директор Алексов е без никакво искуство и позадина во културна институција