fbpx

Дисциплинска постапка за поранешната обвинителка за организиран криминал и корупција Вилма Русковска и две нејзини колешки

-

Дисциплинската комисија на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донела Решение со кое „се поведува дисциплинска постапка против поранешен основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и уште две обвинителки од тоа обвинителство“, соопшти обвинителството.

Всушност, станува збор за поранешниот прв човек на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), Вилма Русковска, против која во август почна дисциплинска постапка по предлог на првиот човек на Јавното обвинителство.

Против Русковска и две нејзини колешки, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, на 8 август кривична пријава поднесе Арафат Муареми, првиот човек на Финансиска полиција откако Русковска влезе во просториите на финансиската полиција.

Дисциплинската комисија на обвинителството одржало расправа на која го разгледало писмениот извештај од известителот по предлогот за поведување дисциплинска постапка и писмените изјаснувања на јавните обвинителки, па оценила „дека постои основано сомнение дека трите јавни обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство“, соопшти Обвинителството.

Против ова решение на Комисијата не е дозволена жалба. Како следна фаза на постапката, Комисијата ќе закаже седница на која ќе биде повикан подносителот на предлогот за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност и трите јавни обвинителки, кои имаат право да предложат свои докази и непосредно да дадат изјави во врска со поднесениот предлог, се објаснува во сооопштението​.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...