fbpx

Русија влезе во рецесија

-

Руската економија влезе во рецесија, откако во третото тромесечие на годинава, бруто домашниот производ (БДП) падна за четири отсто, покажуваат податоците на Росстат националната агенција за статистика на Русија.

Овој пад е всушност целосна реприза на падот од претходното тромесечје, што исто така изнесуваше четири отсто, среде санкциите против Русија од Западот поради руската инвазија на Украина, пренесува АФП.

Новиот регистриран пад од четири отсто во третото тромесечје, е помалку од прогнозираните 4,5 отсто. Негативното движење на БДП во најголем дел се должи на падот од 22,6 отсто во трговијата на големо и падот од 9,1 отсто кај трговијата на мало.

На позитивната страница, пак, е забележан пораст од 6,7 отсто кај градежништвото и 6,2 отсто пораст во земјоделството.

Санкциите за Русија за извоз и увоз, намалувањето на бројот на вработените и проблемот со недостиг на резервни делови многу ја обремени руската економија. На 8 ноември Централната банка на Русија предвиде пад на БДП од 3,5 отсто во 2022 година, пишува француската новинска агенција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...