fbpx

Спасовски: Целта на лажните закани за бомби е да се предизвика дестабилизација и несигурност

-

Заканите за поставени бомби во училишта се испраќаат во среда или четврток, а друга специфика е што се појавува во една смена. Ова се работите кои се анализираат овој период, изјави за ТВ 24 министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Како што тој информира, истрагата е комплексна.

„Истрагата е комплексна заради тоа што учествуваат многу оддели од МВР, односно одделението за бобра против тероризам, одделот за сајбер безбедност, форензика сето тоа е ставено во функција. Но е сложено зашто гледаме дали се обични IP адреси, дали се VPN адреси и слично. Мејловите се праќаат од надвор, од Хрватска Швајцарија“, рече Спасовски.

Според него, ова е продолжение на хибридните напади и монструозност врз граѓаните и институциите.

„Целта на ваквите терористички закани е да предизвикаат дестабилизација и несигурност во институциите. Има неколку карактеристики, сите се лажни, но по секоја мора да се постапува според протоколот. Сега постои и посебна европска конвенција за сајбер криминал за проценка на нивото на закана и тоа заедно го работиме. Содржините на мејловите се различни. Со терористи преговори нема, а кога има лажна најава, нема да што да разговараме и ги преземавме сите неопходни мерки“, рече министерот.

Вчера на електронските адреси на седум училишта стаса осмата по ред лажна дојава за поставена бомба во последните три недели. Сите досега беа лажни дојави. Содржината на денешната испратена порака до која дојде Мета.мк се разликува од досегашните бидејќи овојпат испраќачот бара поткуп за да не ја активира бомбата.

Јазикот на кој е напишана пораката е неправилен и граматички неточен македонски јазик, кој наликува на погрешен превод од странски јазик. Во пораката се вели дека одредена „регрутирана личност“ на испраќачот незабележано поставила бомба во училиштата. Потоа се вели дека овој „човек“ ја контролира ситуацијата околу училиштето, иако не е јасно како истиот човек истовремено ја контролира ситуацијата околу седум училишта. Потоа се бара да биде уплатен одреден износ на пари за да не биде детониран експлозивот без да се наведат дополнителни детали.

Последен пат дојава за поставена бомба имаше во петокот. Тогаш во мејлот испраќачот, освен што напишал текст, прикачил и вознемирувачка фотографија со четири бомби на неа. Мета.мк ја провери автентичноста на фотографијата со помош на Google reverse image search, по што се покажа дека истата фотографија не е оригинална, односно веќе е објавувана на интернет во декември 2020 година.

Првата лажна дојава за поставена бомба беше испратена до скопските средни училишта во на 26 октомври (среда). Засега МВР не соопштува детали за истрагата, освен што министерот за внатрешни работи тврди дека дојавите доаѓаат од странство. Пред една недела беше приведено едно лице, но немаше обвинение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...