fbpx

Украина тврди дека руските трупи ограбуваат куќи во Херсон

-

Украина ја обвини Русија дека ги ограбува празните домови во јужниот град Херсон и ги населува со војници во цивилна облека за да се подготви за улични борби во, како што предвидуваат двете страни, една од најважните битки во војната, пренесе Ројтерс.

Во последниве денови, Русија им нареди на цивилите да излезат од Херсон во очекување на украински напад за повторно да го заземат градот, кој беше првиот што руските сили го зазедоа по нивната инвазија во февруари.

Херсон, со население од речиси 300.000 пред војната, остана ладен и мрачен откако беше прекината струјата и водата во околината во изминатите 48 часа.

Функционери поставени од Русија ја обвинија украинската „саботажа“, додека украинските власти рекоа дека Русите демонтирале 1,5 километри далноводи.

Киев ја опиша евакуацијата на областа како присилна депортација и воено злосторство. Москва вели дека ги иселува жителите поради безбедност.

Околу 100 деца со хендикеп се преместени од медицинска установа во Днепар во регионот Херсон во Московската област, соопшти во понеделникот украинската војска. Пациентите од домот за стари лица во Каховка исто така беа преместени и руските сили ги преземаат тие установи, се вели во соопштението.

Херсон се наоѓа во единствениот џеб на територијата што ја контролира Русија на западниот брег на реката Днепар што ја преполовува Украина. Повторното заземање беше главниот фокус на украинската контраофанзива на југ, која се забрза од почетокот на октомври.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владимир Кара-Мурза добитник на Пулицерова награда за колумни што ги пишувал во затворска ќелија

Затворениот руски дисидент Владимир Кара-Мурза доби Пулицерова награда за неговите колумни напишани за „Вашингтон пост“ во кои се критикува војната во Украина и задушувањето на демократијата и слободата на...