fbpx

Мош, Мечос, Локал 45 и Интермецо добија казни до 800.000 денари за гласна музика

-

Локалите Мош, Мечос, Локал 45 и Интермецо се казнети со платен налог за наплата на глоба во висина од 360.000 до 800.000 денари, во зависност од тежината на сторениот прекршок за гласна музика, соопшти утрово Општина Центар.

Од Центар велат дека општинскиот Сектор за инспекциски работи во периодот од мај до септември спровел акции за мерење на бучавата од гласна музика по зголемениот број пријави од граѓани за гласна музика од угостителските објекти во ноќните часови.

„Акциите се спроведени на различни локации на територија на општината, во ноќните часови, после 23 часот. Акциите се спроведени на локации во Капиштец, Дебар маало, Буњаковец, улица Македонија и Кеј 13 Ноември, при што се поминати повеќе локали и опоменати се да ги почитуваат граничните вредности за бучава во животната средина“, велат од Општина Центар.

Мерењата, како што велат од општината, се извршени од овластена лабораторија за животна средина и мерење на ниво на бучава, со која општината има склучен договор. Извештаите од мерењата на бучава предизвикана од гласна музика, измерените вредности во сите случаи ги надминувале дозволените гранични вредности, согласно „Правилникот за гранични вредности на нивото на бучава во животна средина“.

„За сите локали се започнати инспекциски постапки, согласно Законот за бучава во животна средина, при што правните лица се задолжени со Решенија да преземат мерки во одреден рок, за намалување на бучавата. При контролните мерења, повторно се констатирани надминувања на граничните вредности, за што локалите: Мош, Мечос, Локал 45 и Интермецо се казнети со платен налог за наплата на глоба во висина од 360.000 до 800.000 денари, во зависност од тежината на сторениот прекршок. Доколку правните лица не ја платат глобата, се поведува постапка во Основен суд“, наведено е во општинското соопштение.

Општина Центар апелира до сите управители и сопственици на угостителски објекти во општината, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животната средина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски го призна поразот на претседателските избори

Досегашниот претседател на државата Стево Пендаровски на прес-конференција изјави дека резултатите од претседателските се јасни и дека нема намера да ги објаснува, а додаде и дека „неговата совест е...